(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ДЕЦА СО ВЕЛОСИПЕДИ КРВНИЧКИ ГАЗЕЛЕ ШТРК Птицата чувана од гевгеличанка била нападната без причина

Инцидентот предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Граѓани, кои биле присутни на местото на настанот сведочат за насилничкото однесување на малолетниците.

3,815

Група малолетници во Гевгелија крвнички нападнале штрк, заштитена и мирољубива птица, пред очите на згрозени граѓани. Според сведоци на настанот, децата со велосипеди го прегазиле животното и му го скршиле крилото.

Инцидентот предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Граѓани, кои биле присутни на местото на настанот сведочат за насилничкото однесување на малолетниците.






– Еве овде се штрковите, по цел ден шетаат слободно и во 4 попладне си влегуваат сами во дворот. Не знам од каде и зошто таа агресија – со четири велосипеди крвнички да претепаш заштитена птица – велат жители на Гевгелија.

Птицата, која преживеала и покрај сериозните повреди, е прегледана од ветеринар и прима инјекции, според локални извори.

Организацијата за заштита на животните „Анима мунди“ остро реагираше на случајот и побара итна интервенција од институциите.

– Се работи за страшно малтретирање и повредување штрк од страна на деца. Според очевидци и видеоснимки од безбедносни камери, станува збор за свесен и суров чин на насилство врз младо, диво животно, што завршило со сериозни повреди. Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето – велат од „Анима мунди“.

Оттаму предупредуваат дека децата кои учествувале во чинот се жртви на општествена незаинтересираност, но и потенцијален ризик за себе и за околината доколку не се преземат сериозни чекори.

Поврзани содржини