📷 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) ЧАДОР СЕ ЗАБИЛ ВО НОГАТА НА ТУРИСТКА НА ХАЛКИДИКИ Била пренесена во болница сосе забодениот држач

361

Туристка со тешки повреди била хоспитализирана во Грција откако чадор, однесен од силен ветар, се забил во нејзината нога и ја пробил.

Несреќата се случила во петокот, додека 26-годишната туристка се сончала на плажата Посиди на Халкидики кога држачот на чадорот излетал од место. Спасувач, кој не бил на должност, веднаш интервенирал и заедно со екипа на итната помош спречил потешки последици.






„Беше извршена имобилизација и преврзување на екстремитетот за контрола на крвавењето, без вадење на страното тело, како што предвидуваат протоколите, и пациентката беше пренесена во болницата во Полигирос за отстранување на страното тело и за дефинитивно санирање на повредата“, известува медицинскиот тим.

Поврзани содржини