📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) БРУТАЛНА ЕГЗЕКУЦИЈА СНИМЕНА ВО ЕКВАДОР Убиен наркобос на фудбалски терен

Нападот бил внимателно планиран, а главна цел бил водачот на криминалната група „Лос Лагартос“.

2,411

Крвав напад среде фудбалски натпревар ја потресе јавноста во Еквадор, откако група маскирани напаѓачи упаднаа на терен за мал фудбал во луксузната населба на островот Моколи и отвориле оган, при што загинале најмалку три лица, а неколкумина се повредени.

Инцидентот се случил во една од најексклузивните и најстрого обезбедени зони во земјата, позната по приватно обезбедување и контролирани влезови. И покрај тоа, напаѓачите без пречки влегле на теренот и извеле брутална ликвидација, што предизвика шок и страв кај локалното население.






Според локалните медиуми, нападот бил внимателно планиран со месеци, а главна цел бил Ел Марино, идентификуван како водач на озлогласената криминална група „Лос Лагартос“. Нападот, според првичните информации, има јасни елементи на мафијашка егзекуција.

На видеа кои се шират на социјалните мрежи се гледа моментот на нападот – еден од маскираните напаѓачи му приоѓа на Марино, го удира со нога во лицето, а потоа му застанува врз главата додека тој лежи беспомошен на вештачката трева. Сцените предизвикаа силни реакции и згрозеност кај јавноста.

Ел Марино во јавноста бил познат по луксузниот начин на живот, скапи автомобили и чести патувања на атрактивни светски дестинации, меѓу кои и Дубаи. Зад гламурот, според истражните органи, стоела клучна улога во разгранета мрежа за шверц на наркотици преку еквадорските пристаништа.

Полицијата спроведува истрага, а властите најавија засилени безбедносни мерки, додека островот Моколи, симбол на елитен живот, преку ноќ стана сцена на брутално криминално насилство.

 

Поврзани содржини