Вознемирувачки слики од сараевска мртовечница: Повеќе нема капацитет за починати од ковид-19
Немаме капацитети за прием на починати, иако град со толкав број на жители би требало да има современа мртовечница која би ги примала лицата починати од заразни болести. Надлежните немаат слух тој проблем да се реши, вели директорот за погребни дејности „Закоп“, Асмир Хоџиќ.
Третиот бран на епидемијата на коронавирусот коси во БиХ, а расте и бројот на починати како последици од заразата. Во кантонот Сараево е најалармантно од почетокот на пандемијата, а за тоа сведочат од претпријатието „Закоп“, пишува Аваз.ба.
– Штом има поголем број заразени, веднаш се зголемува и бројот на починати. Од почетокот на годинава до денеска, во просек има 14,9 починати дневно. Изминативе денови тој број порасна и со денешниот ден од почеокот на годината 466 лица починале од последици од коронавирусот во Кантонот Сараево – вели извршниот директор за погребни дејности „Закоп“, Асмир Хоџиќ.
Глетките во ова претпријатие се вознемирувачки, капацитетите одамна се пополнети со оглед на тоа дека мртовечницата има мал и ограничен број места.
– Немаме капацитети за прием на починати, иако град со толкав број на жители би требало да има современа мртовечница која би ги примала лицата починати од заразни болести. Надлежните немаат слух тој проблем да се реши – вели Хоџиќ.