📽️ 📷 ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ ОД ЈАЖИНЦЕ Пожар ја затвори границата, авион и хеликоптер во акција

Властите соопштуваат дека пожарот во Јажинце предизвика целосна блокада на патот и граничниот премин со Косово, а граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа.

1,097

Голем пожар изби вечерва во околината на Јажинце, при што патот кон граничниот премин со Косово е целосно затворен.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат активностите за спречување на ширењето на огнената стихија. На терен се сите противпожарни екипи од Тетово, заедно со две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување.






Кон местото на пожарот се упатени и авион „Ер Трактор“ од Дирекцијата и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Фото: ЦУК

Поради интервенцијата, сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце, кај селото Рогачево, е во прекин во двата правци. Затворен е и граничниот премин Јажинце до понатамошно известување.

Властите апелираат до граѓаните да ја избегнуваат областа и да не го попречуваат движењето на службените возила. МВР, во координација со другите надлежни институции, презема мерки за целосно гаснење на пожарот и нормализација на сообраќајот, за што јавноста ќе биде дополнително информирана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини