ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Петмина тетовци се фатија за гуша, полицијата ги приведе
Физичка пресметка на Меѓународниот аеродром Скопје заврши со полициска интервенција и приведување на петмина тетовци.
Пет лица се приведени по физичка пресметка што синоќа се случила на Меѓународниот аеродром Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен во 21:40 часот во СВР Скопје, по што полицијата веднаш интервенирала.
Инцидентот се случил околу 21:35 часот, кога по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале Ш.Б. (44) и С.Б. (38) од една страна, и С.Љ. (22), И.Љ. (51) и Л.Љ. (24) од друга страна – сите од Тетово.
„Сите инволвирани се идентификувани и приведени. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.
Од полицијата потврдуваат дека нема пријавени тешко повредени лица, но инцидентот предизвикал вознемиреност кај присутните патници на аеродромот.