Партнерката на Илон Маск, музичарката Грајмс (33), ја покажа големата тетоважа на грбот, за која што луѓето веднаш дадоа оценка – дека е вознемирувачка и морничава.
Грајмс, која на почетокот на оваа година откри дека сака да помогне да се воспостави човечка колонија на Марс, се пофали со новата тетоважа и ја опиша како „убави лузни од вонземјани“.
– Немам добра слика, но премногу боли и морам да спијам, хахаха, и ќе биде црвена неколку недели, но тоа ќе бидат прекрасни лузни на вонземјани – напишала Грајмс.
Музичарката, со вистинско име Клер Елис Бушер, ја сподели фотографијата на Инстаграм, но реакциите беа измешани.
За тетоважата е одговорен тату-артистот Нуси Кверо, кого го обележа во објавата и го опиша како „човек кој има мозок на вонземјанин“.
Грајмс и Илон Маск се во врска од 2018 година, а лани во мај добија син, на кого му дадоа крајно необичното име X Æ A-Xii.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм