ВОЗНЕМИРУВАЧКА ГЛЕТКА Убиени близу 1.500 китови во традиционалниот лов на Фарските Острови
Екологисти од целиот свет реагираат на оваа традиција на Данската автономна област нарекувајќи го овој лов за варварски чин. Тие бараат од Европската Унија итно да дејствува против ловот на китови и делфини на островите.
Вкупно 1.428 китови и делфини се убиени за време на традиционалниот лов што се организира на Фарските Острови.
Овој ви лов кој се нарекува „Гриндадрап“ датира од 1.584 година.
Анализата на бројките на убиени китови и делфини покажува дека во некои години имало убиено и по околу 2.000 китови.
Екологисти од целиот свет реагираат на оваа традиција на Данската автономна област нарекувајќи го овој лов за варварски чин. Тие бараат од Европската Унија итно да дејствува против ловот на китови и делфини на островите.
Но локалното население го организира ловот секоја година, како што велат да обезбедат храна за цела година.
– Секој кит ги снабдува нашите заедници со неколку килограми месо и масти, инаку би морале да ги увезуваме од странство – велат локалните власти.
Тие велат дека ловот на китови е регулиран со закон и дека животните се убиваат на начин што предизвикува најмалку страдање. Тие исто така објаснуваат дека станува збор за одржлив лов бидејќи од 100.000 кита што годишно минуваат покрај островите, жителите убиваат незначителна бројка.
Туристи, пак, кои присуствувале на ловот објаснуваат дека жителите прво ги насочуваа китовите кон заливот и ги тепаа со весла.
-Кога китовите се приближуваат доволно до плажата, целиот град се затрча кон нив и почна да ги убива. Учествуваа и деца кои влечеа јажиња и скокаа на труповите од мртвите животни. Седев таму без зборови зашто малку бев вознемирен – изајвил еден од нив.