📽 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) МИЛИЈАРДЕР НОКАУТИРА ЖЕНА НА УЛИЦА Со тупаница ја удира во глава, а таа завршува на тротоар со скршен нос

На снимката не се гледа што му претходело на инцидентот, меѓутоа, видлива е дамка на грбот на банкарот од некоја течност.

727

Инвестицискиот банкар Џонатан Кеј нокаутираше жена на сред улица во Бруклин. На видео кое го објавија социјалните мрежи и медиумите го прикажува Кеј како ја удира жената со тупаница, а таа од силниот удар  паѓа неподвижна на улица. На видеото се гледа и друго лице недалеку од жената кое се  обидува да стане од тротоарот.

Се слушаат минувачи како  го пцујат, што накратко му го привлекува вниманието, по што тој заминува.






На снимката не се гледа што му претходело на инцидентот, меѓутоа, видлива е дамка на грбот на банкарот од некоја течност.

Видеото го објави и нападнатата жена која завршила во болница со скршен нос.

„Овој тип денеска ме удри со тупаница по лицето и ми го скрши носот, може ли некој да го најде?“, стои во описот на видеото.

Инаку, Кеј е директор на една од франшизите на компанијата за деловни услуги Moelis & Co. Дејли Мејл објави дека тој  живее во куќа вредна 4 милиони долари со 4 спални соби.

– Свесни сме дека еден од нашите вработени бил вклучен во сериозен инцидент во Бруклин. Ние го сфаќаме тоа многу сериозно и спроведуваме истрага – изјави портпаролот на инвестициската банка со седиште во Њујорк.

Кеј одби да коментира за случајот.

Инцидентот се случил во саботата во близина на ЛГБТ бар за време на парадата на гордоста во Бруклин.

 

Поврзани содржини