ВОЗИЛОТО ЗАСТАНАЛО, ВОЗАЧИТЕ ПОБЕГНАЛЕ Во „Алфа Ромео“ близу Табановце пронајдени четворица мигранти

Полицајците му дале знак за запирање на патничко возило „бмв" со со скопски регистарски ознаки и на патничкото возило „алфа ромео" со швајцарска национална ознака. Возилата набргу застанале, по што возачите и неколку лица мигранти побегнале.

333

На 19.09.2022 во 14:45 часот на патот село Горно Којнаре кон село Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот дале знак за запирање на патничко возило „бмв” со со скопски регистарски ознаки и патничко возило „алфа ромео” со швајцарска национална ознака.

Возилата набргу застанале, по што возачите и неколку лица мигранти побегнале.






При контрола, во возилото „алфа ромео” биле пронајдени четири мигранти, од кои тројца од Сирија и еден од Судан, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини