ВОЗИЛОТО СО ПОГОН НА ВОДОРОД НА ГРИН МАШИНС БЕШЕ ХИТ НА САЕМОТ ВО ИТАЛИЈА Голема заинтересираност за возилата за чистење на БРАКО

Во Италија има голема заинтересираност за македонските возила не само на саемот ECOMONDO, на кој Грин Машинс се претстави со две електрични и едно возило на водород, туку и на италијанскиот пазар воопшто.

862

Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO, во Римини, Италија. Ова е еден од најзначајните саеми и конференции во Европа, кој ги обединува и ги системизира клучните елементи што ги дефинираат развојните стратегии на политиката за животна средина на Европската унија.

Грин Машис го претстави 500Х2, најсовремен чистач на улици со погон на водород, заедно со целосно електричните возила 500зе и 400зе.






Дилерот на Грин Машинс во Италија, Грин Форсес, известува за голема заинтересираност за македонските возила не само на саемот, туку и на италијанскиот пазар воопшто, во конкуренција со производители на возила за чистење од Европа, САД и други делови на светот.

Македонските возила имаат предност на светскиот пазар поради нивниот квалитет, ефикасност и современ дизајн, како и различите модели, кои се достапни на електричен, хидрогенски и класичен погон.

 

 

 

Поврзани содржини