ВОЗИЛО УДРИЛО ВО ЖЕНА НА ТРОТИНЕТ Починала во болница
Во несреќата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што во 17.45 часот починала.
Загина жена во Прилеп откако управувајќи електричен тротинет била удрена од „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, соопшти полицијата.
Како што соопшти МВР, на 12 септември во 15.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата Трајко Николоски во Прилеп, патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(47) од Прилеп, удрило во електричен тротинет, управуван од В.П.(60) од Прилеп.
Во несреќата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што во 17.45 часот починала.
Од МВР потенцираат дека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.