ВОЗИЛО СЕ ЗАБИ ВО КАПИЈАТА НА ТАЈНАТА СЛУЖБА НА САД Возачот е уапсен, мотивите непознати

Возилото било прегледано од Тајната служба и Градската полиција на Вашингтон.

120

Едно лице е уапсено во вторникот навечер откако со својот автомобил се обидело да ја пробие безбедносната капија во близина на Белата куќа од која се влегува во просторот на Тајната служба на САД – соопшти службата.

Инцидентот се случил околу 22:37 часот по локално време, на капија за пристап кај 17-та авенија, југозападно од Белата куќа.






Лицето веднаш беше уапсено од страна на униформираните службеници на Тајната служба на САД“ – се вели во соопштението.

Возилото било прегледано од Тајната служба и Градската полиција на Вашингтон, по што било утврдено дека не претставува закана.

Дополнителни информации ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата“ – додаваат од Тајната служба.

Поврзани содржини