ВОЗИЛО СЕ ПРЕВРТЕ ВО ТУНЕЛ НА ПАТОТ ГЕВГЕЛИЈА – НЕГОТИНО Едно лице тешко повредено, сообраќајот во прекин

Патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки изгубило контрола и излетало од патот.

233

Во стравична сообраќајна несреќа, возило излетало од патот кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино. Во несреќата едно лице е повредено, а сообраќајотна оваа делница е во прекин.

– Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во тек, изјави за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев






Според првични информации, едно лице е тешко повредено во сообраќајката.

Поради сообраќајката во прекин е сообраќајот на овој патен правец.

Поврзани содржини