ВОЗИЛО ПРЕСРЕТНУВАЧ НА МВР УЛОВИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ 21-годишник летал низ булевар со 105 км/час
Возач од Штип е фатен како вози со 105 километри на час во населено место, каде дозволената брзина е двојно пониска. Полицијата најавува засилени контроли со пресретнувачи и строги санкции за прекршителите.
Млад возач од Штип возел со екстремна брзина низ населено место. Полицијата го фатила со специјално возило пресретнувач. Настанот се случил на булеварот „Гоце Делчев“. Измерени се 105 километри на час, каде дозволената брзина е 50.
Станува збор за патничко возило „голф“ со штипски таблички. Против возачот С.И., на возраст од 21 година, се преземени мерки.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат засилени контроли. Пресретнувачите ќе бидат активни низ државата и во наредниот период.