ВОЗИЛО НА АРМИЈАТА СЕ ПРЕВРТЕ ПО УДАР ОД „ГОЛФ“ Возачот на „голфот“ е примен во болница

Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања, соопшти Генералштабот на Армијата.

1,903

Во штипската Клиничка болница е примен 56-годишен пациент од Виница, по сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Кочани меѓу пробиштипска клучка и спанчевска крстосница.

Од Клиничка болница-Штип велат дека во тек се испитувања и снимање на пациентот, кој е хоспитализиран кај нив.






Од Секторот за внатрешни работи од Штип информираат дека околу 13 часот во Полициската станица Кочани било пријавено оти на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки и товарно возило сопственост на Армијата на РСМ.

Притоа, пет лица се здобиле со повреди, од кои четири се пренесени во болницата во Кочани и едно во Клиничката болница Штип, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Во писменото соопштение на СВР-Штип се наведува дека увидот е во тек.

Претходно, Армијата информираше дека тројца припадници се полесно повредени откако нејзиното возило „Ланд ровер дефендер“ се превртило на пратот по удар од цивилно возило.

На самото место се излезени МВР и припадници од Воената полиција.

МИА претходно информираше за сообраќајката и дека сообраќајот се пренасочува по локалниот патен правец од Соколарци кон Кочани и обратно.

На местото на несреќата интервенирале возила на Итната медицинска помош и на ТППЕ од Кочани.

Поврзани содржини