ВОЗИЛО, КУЌА И НИВИ ВО ПЛАМЕН Полицијата приведе две лица за подметнување на пожари

Од МВР информираат дека во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите, по што против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.

472

Полицијата уапси двајца мажи осомничени за предизвикување пожари кои оштетија имот и предизвикаа сериозна опасност.

Првиот случај е регистриран денеска (14 август 2025) околу 18:30 часот, кога полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 57-годишниот С.С. од Куманово. Според првичните информации, во населбата Рајкова куќа, кон село Никулски пат, тој подметнал пожар кој зафатил сува трева, патничко возило марка „Ауди“, напуштена куќа и околни ниви.






Вториот инцидент се случил околу 20:00 часот на место викано Брест, во атарот на селото Челопек. Таму, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го привеле 41-годишниот И.М. од Челопек, за кого постојат сомнежи дека подметнал пожар во тој реон.

Од МВР информираат дека во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите, по што против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.

Поврзани содржини