На патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, во 10 минути по полноќ патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.М.(20) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот, информира МВР.
– Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот И.П.(19) од Гевгелија, а со повреди се здобиле И.М. и сопатникот В.С.(19) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија – велат од МВР.