Возило излетало од патот, повреден е возачот

149

Патничко возило „ауди“ со кочански регистарски таблички кај Стари Град кај мостот на Бабуна од засега непознати причини излетало од патот и паднало во канал за наводнување.

Во несреќата возачот се здобил со полесни телесни повреди, во возилото имало уште двајца патници, потврдуваат од СВР Велес, за МИА.

Доктор Пановска Поп Стефанова информира дека пациентот е маж на 64 години од Кочани, кој бил стабилен, згрижен на лице место и транспортиран во  Ургентниот центар при велешката Општа болница.





Полицијата изврши увид на местото на  несреќата.

 

Поврзани содржини