Возило излетало на новата обиколница во Демир Капија

289

Демиркапиец тешко се повредил откако синоќа со возило излетал од патот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Во  во 23,20 часот на новата обиколница во Демир Капија, во близина на крстосница со улица „Јане Сандански“, патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(20) од Демир Капија, излетaло од патот. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци, појасни Додевски.






Извршен бил увид на местото на настанот.

Поврзани содржини