ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО НА ПАТИШТАТА! На патот Делчево – Македонска Каменица има одрон

Поради интензивниот дожд утрово  во Пијанечко-Малешевскиот регион се вози по влажни коловози. 

78

Одрони утрово има на патот Делчево – Македонска Каменица  кај месноста Баткова Чешма на околу 7 километри од Делчево. Од „Македонија Пат“ апелираат на внимателно движење долж овој патен правец.

-Врнежливото време во комбинација со теренот знае да предизвика вакви појави бидејќи се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави. Затоа апелот е да се вози внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината – информираа од „Македонија Пат“.






Поради интензивниот дожд утрово  во Пијанечко-Малешевскиот регион се вози по влажни коловози.

Од Автомото сојузот информираат дека на останатите патишта сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 

Поврзани содржини