ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Магла има на патот Неготино – Демир Капија

На граничните премини, според утринската информација на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги чекања за влез и излез од македонска страна. 

22

Поради магла утринава намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Неготино- Градско и Неготино – Демир Капија.

На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.






„Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На граничните премини, според утринската информација на Авто мото сојузот на Македонија, нема подолги чекања за влез и излез од македонска страна.

Поврзани содржини