ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО И БЕЗБЕДНО ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ Се очекува зголемен сообраќај, секој треба да е одговорен

Сите учесници во сообраќајот имаат право на безбедно движење, но и обврска да придонесат за тоа. Велигден е празник на нови почетоци, за љубов и радост во семејството - не дозволувајте една непромислена одлука да ги засени овие вредности, апелира Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

45

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот – возачите, патниците, велосипедистите и пешаците – да бидат особено внимателни и одговорни во сообраќајот за време на претстојните велигденски празници.

„Велигден е празник на заедништвото, семејството и духовната радост. За време на празникот се очекува зголемен интензитет на сообраќајот. Затоа РСБСП потсетува дека безбедноста на сообраќајот на патиштата е заедничка одговорност на сите нас и само со совесно и одговорно однесување можеме да го зачуваме секој живот“, апелира Советот.






Советот апелира до сите возачи:
– Почитувајте ги ограничувањата на брзината на движење и пропишаната сообраќајна сигнализација;
– Не управувајте возило под дејство на алкохол и замор;
– Прилагодете ја брзината на движење према условите и состојбата на патот;
– Користете сигурносен појас;
– Не користете мобилен телефон за време на управување со возилото;

„Сите учесници во сообраќајот имаат право на безбедно движење, но и обврска да придонесат за тоа. Велигден е празник на нови почетоци, за љубов и радост во семејството – не дозволувајте една непромислена одлука да ги засени овие вредности. РСБСП им посакува на сите граѓани среќни, мирни и безбедни празници. Да го дочекаме Велигден со насмевка, да бидеме одговорни и внимателни учесници во сообраќајот“, соопшти Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Поврзани содржини