ВОЗЕЛА СО 126 КМ НА ЧАС, A БИЛО ДОЗВОЛЕНО 50!? Охриѓанка доби кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“
По насоки на јавен обвинител од Свети Николе со неа е извршен службен разговор.
На магистралниот пат Овче Поле – Свети Николе, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од ОВР Свети Николе завчера сопреле патничко возило „ровер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.Р. од село Елшани, охридско.
Притоа е констатирано дека го управувала возилото со брзина од 126 километри на час на место каде максималната брзина е ограничена на 50 километри на час.
По насоки на јавен обвинител од Свети Николе со неа е извршен службен разговор.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.