ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВНА НАСОКА БЕЗ ДОЗВОЛА Полицијата приведе шест возачи, меѓу нив и малолетници

Меѓу приведените се двајца малолетници, а еден возач во Гостивар возел и во спротивна насока без возачка дозвола.

115

Шест возачи, меѓу кои и двајца малолетници, биле приведени вчера во полициска акција спроведена на повеќе локации низ државата поради опасно и незаконско управување со возила.

Петмина од нив управувале возила без возачка дозвола, додека еден возач бил фатен зад волан под дејство на алкохол.






Во Скопје полицијата привела малолетник кој управувал мотоцикл без дозвола, додека во Штип друг малолетник возел патничко возило иако немал положено возачки испит.

Во Гостивар биле затекнати двајца возачи без возачка дозвола, при што едниот од нив возел и во спротивна насока, со што сериозно ја загрозил безбедноста во сообраќајот.

Без дозвола зад волан бил фатен и возач во Струмица.

Полицијата привела и возач во Виница кој управувал возило под дејство на алкохол.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и да не управуваат возило без дозвола или под дејство на алкохол, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини