ВОЗЕЛ СО ЕКСТРЕМНО МНОГУ АЛКОХОЛ Приведен возач со 3,67 промили во Куманово

49-годишен возач од кумановско бил запрен од полицијата со 3,67 промили алкохол и веднаш бил задржан.

44

49-годишен возач од кумановско бил приведен откако полицијата утврдила дека управувал автомобил со дури 3,67 промили алкохол во крвта.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на булеварот Октомвриска револуција во Куманово. Полициски службеници запреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 49-годишник од селото Режановце.






При контролата било утврдено дека возачот е под силно дејство на алкохол, односно има 3,67 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Поврзани содржини