ВОЗЕЛ СО 3,21 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ Кавадарчанец заврши во притвор по сообраќајка

Едниот удрил во паркирано возило, другиот бил фатен при рутинска контрола, полицијата интервенираше и ги исклучи од сообраќај.

130

Двајца возачи, еден од Кавадарци и еден од Битола, завршија во полициска станица откако беа фатени како управуваат возила под силно дејство на алкохол. Во Кавадарци, пијан возач предизвикал и сообраќајна незгода, удирајќи во паркирано возило во центарот на градот.

Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот, на крстосницата меѓу улиците Народен Фронт и Коле Подлешки. Според информациите од полицијата, 35-годишниот А.М. од Кавадарци, управувајќи „форд“ со велешки таблички, удрил во паркирано „сузуки“, сопственост на 55-годишен кавадарчанец.






При интервенцијата, полицајците утврдиле дека возачот бил во екстремно алкохолизирана состојба.

– Кај возачот беше измерено присуство на 3,21 промили алкохол во крвта, по што тој веднаш беше лишен од слобода – информираат од полицијата.

Неколку часа претходно, во Битола, полицијата привела уште еден пијан возач. На улицата Славко Лумбарко, при рутинска контрола, бил запрен 43-годишниот Г.Н., кој управувал „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки.

Алкотестот покажал дека и тој бил под дејство на алкохол.

– Кај возачот е измерено 1,59 промили алкохол. Тој беше веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица – велат од СВР Битола.

Поврзани содржини