На автопатот Скопје-Тетово вчера во 14.42 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода А.И.(21) од тетовското село Нераште.
Од МВР денеска соопштија дека при сообраќајната контрола и преземени мерки, полициски службеници констатирале дека А.И. управувал патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување на моторно возило“.