ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

61

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил во пешак во село Пепелиште.

Како што соопшти МВР, на 12.04.2026 во 14 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Л.Д.(55) од село Пепелиште, Неготинско. Тој управувајќи патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, удрил во пешакот Р.М.(62) од истото село, кој се здобил со телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Неготино.






По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Л.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,76 промили алкохол во крвта и возилото го управувал со активна забрана за управување возило.

По насоки од јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини