ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ТУЃИ ТАБЛИЧКИ Не застанал на стоп и удрил во споменик

267

Возач од Гевгелија управувал возило со 2,35 промили алкохол во крвта, не застанал на полициска патрола и предизвикал сообраќајна незгода, соопшти полицијата.

Вчера (09.03.2026) во 21:25 часот полицијата го лишила од слобода И.Д.(43) од Гевгелија. Тој претходно, околу 21 часот во селото Богородица, не застанал на знак за запирање што го дале полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица.






Возачот на „алфа ромео“ не застанал, но веднаш изгубил контрола и со возилото удрил во споменик во центарот на селото. Притоа, тој се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош од екипа на Итна медицинска помош Гевгелија. По преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото со 2,35 промили алкохол во крвта и дека регистарските таблички припаѓале на друго возило.

Поврзани содржини