ВОЗЕЛ ПИЈАН И БЕЗ ВОЗАЧКА, ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ Тројца повредени, еден потешко
Д.Н. (24), управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.
Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е уапсен откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две полесно.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот С.С. (28) од селото Јакимово, додека возачот и сопатникот Д.А. (28) од селото Истибања се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа во Кочани.
При увидот, полициските службеници од ОВР Кочани утврдиле дека возачот не поседувал возачка дозвола. Дополнителните проверки покажале дека тој бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,69 промили алкохол во крвта.