ВОЗЕЛ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС ВО СПРОТИВНА НАСОКА Приведен гостиварец

133

Лишен од слобода е гостиварец, кој возел во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес, соопшти полицијата.

На 29.03.2026 во 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатната станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило БМВ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот.






По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини