ВОЗЕЛ МРТОВ ПИЈАН И ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА Полицијата го уапси и му подготува пријава
По извршената контрола било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци – Возарци и излетал од патот.
-Вчера на регионалниот пат Кавадарци-село Возарци, полицијата го уапсила В.А., на возраст од 65 години од село Дреново, кавадаречко, кој управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
По извршената контрола било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,62 промили алкохол во крвта.