ВОЗЕЛ ЛУДО, ГИ ПРЕГАЗИЛ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН!? Полицијата трага по побегнатиот возач што усмрти девојче

Девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов" и од здобиените повреди починало.

1,368

Јавен обвинител од ОЈО Велес ноќеска изврши увид на местото на сообраќајна несреќа на улицата „Борис Трајковски” во Велес. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар. Единаесетгодишното девојче починало на местото на несреќата, додека мајката се здобила со тешка телесна повреда. Полицијата трага по возачот.

Како што се наведува во соопштението, од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов” и од здобиените повреди починало.






Како што информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, мајката имала отворена рана на главата и повреда на потколеница. Поврдеите биле санирани, а утрово била исратена на домашно лекување.

Возачот кој што ја предизвикал сообраќајната несреќа воопшто не запрел, туку со голема брзина го напуштил местото на настанот.

– По превземените мерки возилото беше најдено и се превземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Велес.

Дежурниот јавен обвинител и полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото, подигнаа траги и разговараа со очевидци на настанот, а веднаш е издадена и наредба за обдукција на телото на починатото девојче, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини