Во рамки на вчерашната акциска контрола за брзо возење полиција со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар откри возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот.
– Во акциската контрола вкупно биле откриени и законски санкционирани 101 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на тетовското подрачје. Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле четири возачи кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Во текот на акциската контрола констатирани се и 32 други видови прекршоци од кои најмногу за управување без возачка дозвола, возачи-почетници…