ВОЗДУШНА ОДМАЗДА НА УКРАИНА Масовен напад врз руски градови, хаос на аеродромите
Руското Министерство за одбрана соопшти дека се соборени 96 украински дронови над повеќе региони, вклучително и 6 над московската област. Иако точниот број на беспилотни летала не е официјално потврден, руските медиуми пренесуваат дека нападот бил толку обемен што довел до прекин на авионскиот сообраќај на сите аеродроми во Москва, како и на повеќето во европскиот дел на земјата.
Украина ноќеска изведе масовен напад со беспилотни летала врз повеќе руски градови, како одговор на вчерашниот напад со крстосувачки и со балистички ракети врз Киев, при што загинаа најмалку 12 цивили.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека се соборени 96 украински дронови над различни региони, меѓу кои и 6 над областа на Москва. Вкупниот број беспилотни летала не е официјално потврден, но според руските медиуми, нападот бил доволно масовен за да предизвика прекин на авионскиот сообраќај на сите московски аеродроми и на повеќето во европскиот дел на Русија.
Во Белгородската област, во округот Грајворон, беше забележан неочекуван прекин на електричната енергија. Во Ивановската област, дрон оштетил зграда на комунални служби.
Руските социјални мрежи објавија бројни снимки на мобилни противвоздушни единици кои ги гаѓале дроновите со митралези. Овие групи се важен дел од територијалната одбрана на Русија бидејќи украинските дронови летаат на мали височини и се тешко детектибилни.