📽️ ВОЗДУШЕН УДАР ВО НИГЕРИЈА, ТРАМП ПОСАКА „СРЕЌЕН БОЖИЌ“ Американците отвораат нов фронт против ИСИС

Предупредив дека ако не престанат со колењето на христијаните, ќе платат висока цена, и вечерва го сторија тоа“, напиша претседателот на САД известувајќи за, како што вели, моќен и смртоносен удар против ИСИС.

1,084

Соединетите Американски Држави извршиле воздушен напад во северозападна Нигерија, насочен против групи поврзани со Исламска држава, потврди Африканската команда на САД (АФРИКОМ). Акцијата, според соопштението, е реализирана на барање на нигериските власти, поради зголемените напади врз цивили во регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на платформата Truth Social дека „вечерва САД извршија моќен и смртоносен удар против терористичката банда на ИСИС во Нигерија“, обвинувајќи ја групата за масовни убиства на христијани.






„Предупредив дека ако не престанат со колењето на христијаните, ќе платат висока цена, и вечерва го сторија тоа“, напиша Трамп.

 

Од Вашингтон истакнуваат дека нападите биле внимателно координирани со нигериските сили, а според првичните податоци, убиени се неколку команданти и борци на ИСИС.

Нигериската влада, пак, соопштила дека војната против вооружените групи е насочена и кон муслимански и кон христијански цивили, и дека ситуацијата е далеку покомплексна од едноставно верско насилство.

Трамп од октомври предупредува дека „христијанството во Нигерија се соочува со егзистенцијална закана“.

Од друга страна, нигериските власти апелираат на соработка и внимателност, нагласувајќи дека земјата е поделенa по верска линија, муслимани на северот, христијани на југот, што ја прави секоја интервенција политички чувствителна.

Поврзани содржини