(ОБНОВЕНО) ВОЗДУШЕН БАЛОН СО ОГАН ПУШТЕН НАД СЕЛОТО ВИРОВО Полицијата истражува дали некој подметнува пожар на овој начин
Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот.
Воздушен балон со направа од која се дувал оган заради движење на балонот е забележан во селото Вирово, Демирхисарско, а жителите се сомневаат дека некој на ваков начин сака да подметне пожар на Илинска Планина.
Полицијата потврди дека на 16.08.2024 во СВР Битола – Полициска станица Демир Хисар било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во село Вирово, Демирхисарско, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот.
Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Edit: Редакцијата ја избриша фотографијата преземена од социјалните мрежи, која наводно ја снимиле мештани на селото Вирово и ја објавиле на социјалните мрежи, читател на Плусинфо, кому му се заблагодаруваме на укажувањето ни испрати линк до објава во повеќе американски медиуми од видео за запален балон, при што се забележува дека објавената фотографија е преземена со принтскрин од тоа видео.