ВОЗДУХОТ ВО ТРУБАРЕВО НЕ Е ОПАСЕН Новите мерења не го загрозуваат здравјето на граѓаните

Индикативните мерења покажуваат дека просечната концентрација е далеку под опасното ниво – Министерството за животна средина смирува дека нема опасност за здравјето на граѓаните.

84

Просечната концентрација на суспендирани цврсти честички (PM10) во Трубарево, измерена во периодот од 21 септември во 08:30 часот до 22 септември во 08:30 часот, изнесувала 14.2 µg/m³, соопшти Министерството за животна средина.

Највисоката вредност регистрирана во истиот период е 44.1 µg/m³, додека тековното ниво на мерење изнесува 11.9 µg/m³.






Од Министерството нагласуваат дека овие резултати се во рамки на дозволените и не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на здравјето на граѓаните, согласно Уредбата за квалитет на амбиентниот воздух.

„Податоците од мерењата потврдуваат дека состојбата со квалитетот на воздухот во Трубарево во наведениот период е стабилна и не претставува ризик по здравјето на населението“, велат од Министерството.

Поврзани содржини