ВОЗДУХОТ ВО ТРУБАРЕВО Е ВО РАМКИ НА ДОЗВОЛЕНИТЕ ГРАНИЦИ Нема надминување во присуството на честичките ПМ10
Досегашните резултати од мерењата покажуваат дека сите просечни вредности за масена концентрација на честичките PM₁₀ се движат во рамките на законски дозволените граници и досега не е регистрирано надминување на утврдените прагови, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
Министерството се повика на податоците добиени од автоматските мерни станици на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во населбата Трубарево.
Според добиените мерења за суспендираните честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀): просечната дневна концентрација во текот на вчерашниот ден изнесувала 19,7 µg/m³, максималната измерена вредност достигнала 39 µg/m³, моменталната концентрација изнесува 7,5 µg/m³.