ВОЗАТ БЕЗ ДОЗВОЛА, ПИЈАНИ И СО ЗАБРАНА Приведени 14 возачи, меѓу нив и малолетник
Полицијата санкционираше возачи низ целата држава, најмногу без дозвола, дел пијани, а имаше и случаи со забрана и пребрзо возење.
Полицијата во текот на изминатото деноноќие привела 14 возачи низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот – дел од нив возеле без дозвола, други под дејство на алкохол, а имало и случаи на опасно брзо возење.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, најголем дел од приведените, вкупно осум лица, управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник. Вакви случаи се регистрирани во Кавадарци, Тетово, Скопје, Радовишко, Гостивар, Битола и Дебар.
Дополнително, еден возач во Тетово бил фатен зад волан иако имал активна забрана за управување.
Четворица возачи биле под дејство на алкохол – во Струга, Прилеп, Чашка и Богданци, додека еден возач во Гевгелија управувал возило со брзина значително над дозволената.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат кривични пријави.
Воедно, апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата во сообраќајот и да не седнуваат зад волан без дозвола, под дејство на алкохол или со изречена забрана.