ВОЗАЧОТ НА „АУДИТО НА СМРТТА“ ВО КОЕ БИЛА АНА ИМАЛ ТЕМНО МИНАТО Користел наркотици, обезбедувал познат криминалец
Мондо пишува дека Александар М. бил дел од обезбедувањето на контроверзниот Небојша Стојковиќ – Стојке, сопруг на пејачката Катарина Живковиќ, кој повеќепати се споменувал во рубриките на црната хроника. На Александар му била одземана возачката дозвола поради користење наркотици, а имал и пресуди за брзо возење и привремена забрана да вози.
Александар М. (37) кој загина заедно со Ана Радовиќ кај Чачак ѝ бил познат на српската полиција по низа сообрачајни прекршоци, одземање на возчката дозвола поради употреба на наркотици, но и како обезбедувч на познатиот криминалец Небојша Стојковиќ – Стојќе. Тој бил осудуван во Валево, Пријепоље и во Пожега за брзо возење и имал привремена забрана да вози, пишува српски Мондо.
Се одмотува приказната за сообраќајната несреќа на патот кај Чачак-Пожега која го потресе регионот. Возилото во кое биле 20-годишната Ана, студентка и Александар, беше пронајдено забиено во бетонски канал крај автопатот. Српските власти три дена трагаа по „аудито“, откако родителите на Ана го пријавиле случајот во понеделникот.
Подоцна беше обелоденето дека Ана двапати телефонирала во Итната помош користејќи ја опцијата за т.н. паничен повик преку копче. Истрагата сè уште ја утврдува точната причина за несреќата, но првичните наоди укажуваат дека преголема брзина и лизгав пат довеле до губење контрола врз автомобилот.
Се смета дека Александар е од Тутин според регистарските ознаки на автомобилот и дека има престој во Белград. Александар наводно имал врски и со лица од криминалното подземје.
Мондо пишува дека бил дел од обезбедувањето на контроверзниот Небојша Стојковиќ – Стојке, сопруг на пејачката Катарина Живковиќ, кој повеќепати се споменувал во рубриките на црната хроника. Небојша Стојковиќ преживеал обид за убиство во 2017 година, кога бил ранет со четири куршуми во глава и гради, а напаѓачот му го пресекол врвот на прстот. Стојковиќ бил уапсен во полициска акција и осуден за поседување оружје и дрога.
Стојке поднесе барање за условна слобода до Вишиот суд во Белград во 2013 година. Тој отслужуваше казна од осум години и три месеци за обвинение за оружје и дрога. Долго време ја избегнуваше казната, што доведе до издавање на потерница по него.