ВОЗАЧОТ ДОБИЛ НАПАД Нишки автобус со ученици ја проби банкината, за малку избегната трагедија
Станува збор за ученици од неколку училишта во Ниш, кои како најдобри ученици биле на патување во Шпанија.
Автобус со ученици од Ниш денеска околу 15 часот ја проби железната банкина на автопатот кај Баточина во Србија, меѓу Белград и Ниш, но за среќа нема повредени ученици, јавија српски медиуми.
Според неофицијални информации, автобусот кој превезувал ученици ја пробил заштитната ограда и застанал, откако на возачот на автобусот му се слошило, како последица на срцев или мозочен удар. Тој притоа бил повреден, а според првите неофицијални информации ниту еден од учениците не побарал лекарска помош.
Станува збор за ученици од неколку училишта во Ниш, кои како најдобри биле на патување во Шпанија.