ВОЗАЧКА, ЛИЧНА КАРТА, СЀ НА МОБИЛЕН Андоновски најавува крај на хартиените документи
Електронска лична карта и возачка, и сите придружни услуги, ќе функционираат како електронски паричник, алтернатива на носење хартиени документи, рече министерот Андоновски.
На Самитот за дигитализација на Западен Балкан на 1–2 октомври во Скопје, ќе биде претставена македонската апликација за дигитална лична карта и возачка дозвола. Од тој ден граѓаните ќе можат да ја симнат тест‑верзијата од електронските документи и да ги користат за идните услуги.
– Електронска лична карта и возачка, и сите придружни услуги, ќе функционираат како електронски паричник – алтернатива на носење хартиени документи. Грција е одличен пример, а ние сме пред многу други балкански земји – изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Откако денеска во Собранието беа изгласани пакетите закони за дигитализација од реформската агенда, Андоновски потврди дека се воспоставени законски решенија според европските стандарди и усогласени со ЕУ‑праксата.
Тој додаде дека порталот uslugi.gov.mk веќе има над 6.300 корисници, меѓу кои институциите, на пример, судовите веќе ја прифаќаат електронската потврда за неосудуваност.
– Час поскоро ќе го исклучиме е‑системот за изводи од матична книшка, за да нема двојни постапки – изводување ќе биде само преку uslugi.gov.mk. И ќе воведеме „Електронско сандаче“, каде граѓаните ќе добиваат известувања директно – рече Андоновски.
На прашање за електронски попис, министерот порача дека имаме не само капацитет, туку и програмска обврска во Владата за дигитален попис во 2026 година. Потсетувајќи на Критиките на Уставниот суд кон пописот од 2021.
– Формиравме работна група за технички подготовки – цел на дигитален попис е да ја вратиме довербата на граѓаните. Ако не успееме, тогаш\–2031 година е следниот редовен рок – вели министерот.
Собранието денеска отвори нова фаза во дигитална трансформација со донесување на четири закони: за електронски комуникации, за сајбер‑безбедност, за електронски документи и е‑услуги, и за архивска дејност.