ВОЗАЧИ, ВНИМАВАЈТЕ! Надојдена поголема количина вода може во секој момент да се излее на патот Кавадарци-Прилеп кај тунелите

Според информацијата добиена од 112, во 18,21 часот, на регионалниот пат од Кавадарци - Прилеп, кај тунелите, од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода, со опасност за излевање.

1,278

Надојдена е поголема количина на вода со опасност за излевање на патот Кавадарци – Прилеп кај тунелите, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи.

„РЦУК Кавадарци излезе со вонредна информација. Според информацијата добиена од 112, во 18,21 часот, на регионалниот пат од Кавадарци – Прилеп, кај тунелите, од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода, со опасност за излевање. Веднаш беа известени субјектите во СУК и беше стапено во контакт со лицето од ЕЛС Кавадарци, кое извести дека е стапено во контакт со изведувачот на тој патен правец и дека во случај на излевање на реката, во содејство со  изведувачите на автопатот – Сино Хидро, ќе интервенираат со нивни машини за да не дојде до излевање и поплавување на патот“, се вели во известувањето од Центарот за управување со кризи.

Поврзани содржини