Возачи, внимателно на дождот – Брза помош денеска интервенирала на три сообраќајки во Скопје

Досега ни се јавија за интервенција за повредени од три сообраќајќи - во Драчево, на обиколница и кај Сајмиште. Не ги знаеме причините, но дождот секако го попречува и сообраќајот - вели д-р Весна Неделковска од Службата, чиј број 194 денеска најчесто го повикувале и астматичарите.

323

Во три сообраќајќи коишто се случиле денеска до 13 часот во врнежливото Скопје интервенирале екипите на Службата за итна медицинска помош, а бројот 194 најчесто го повикувале астматичарите.

– Кога врне, секогаш е зголемен бројот на сообраќајни несреќи, дождот влијае и на расположението и на подготвеноста на луѓето, коишто треба да бидат многу повнимателни кога возат во вакви услови. Досега ни се јавија за интервенција за повредени од три сообраќајќи – во Драчево, на обиколница и кај Сајмиште, коишто ги пренесовме во болница. Не ги знаеме причините за сообраќајните незгоди, но дождот секако го попречува и сообраќајот. Патиштата се лизгави и возачите мора дополнително да внимаваат – да ги почитуваат прописите и да не возат со неприлагодена брзина или под дејство на алкохол – предупредува д-р Весна Неделковска, раководителна на смена во скопската Служба за итна медицинска помош.






Поради врнежливото време, од вчера е зголемен и бројот на повици од пациeнтите со астма и други белодробни заболувања, бидејќи влажноста на воздухот е зголемена.

Екипите на Брза помош денеска пренесувале и пациенти сомнителни на ковид-19 до Клиниката за инфективни болести и до ГОБ „8 Септември“.

 

 

Поврзани содржини