ВОЗАЧИ, ВНИМАНИЕ ВО ГРЦИЈА! Ова се новите „солени“ казни за сообраќајни прекршоци

За одредени прекршоци нема да има парични казни, но грчките власти ќе можат да ги задржат вашите регистарски таблички и возачка дозвола на период до 60 дена!

3,063

Седумстотини eвра ќе ве чини брзото возење во Грција ова лето, 200 евра поминување преку полна линија или возење со алкохол во крвта, а 700 евра исто така би платиле ако преминете на црвено светло или ако го игнорирате стоп знакот кој ќе ви го покажат полицајците на патот.

Не е првпат Грците да ги менуваат казните пред почетокот на летото, но овојпат има уште еден детал – за одредени прекршоци не се плаќа, но властите можат да ви ги одземат табличките и возачката дозвола на подолго време, па дури и до 60 дена за одредени прекршоци.






Тоа се однесува на следниве прекршоци:

  • Користење на мобилен телефон додека возите
  • Не носење појас
  • Ако немате кацига кога возите мотоцикл
  • Превоз на дете во автомобил без детско седиште

Ова воедно важи и за поминување на црвено каде табличките и дозволата се одземаат на време од 20 дена.

Повеќето патишта во Грција, иако имаат две ленти и наликуваат на автопат, имаат ограничување од 100 километри на час.

За непрописно претекнување казната ова лето ќе изнесува 80 евра, додека за пречекорена брзина до 20 км/час од дозволеното се плаќаат 20 евра.

Поврзани содржини