ВОЗАЧИ БЕЗ ДОЗВОЛА, МОТОЦИКЛИСТИ БЕЗ КАЦИГИ Полицијата изрече 1.077 сообраќајни прекршоци за време на викендот

МВР апелира на внимателно управување со возилата, контролите продолжуваат низ целата држава.

228

Најголем дел од прекршоците – дури 314 – се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење. Полицијата за време на контролите во деновите 2 и 3 август издала 1.077 платни налози, а регистрирани се и сериозни прекршоци од страна на возачи кои не поседувале валидна возачка дозвола – 163 лица се затекнати во сообраќајот без право на управување со возило.

Од МВР посочуваат дека 48 возачи биле исклучени од сообраќај бидејќи управувале под дејство на алкохол, а 156 мотоциклисти се санкционирани поради неносење заштитна кацига.






Исто така, полицијата регистрирала 82 прекршоци за недозволено паркирање, 57 за некористење на сигурносен појас, 24 лица користеле мобилен телефон додека управувале возило, а четворица возачи поминале на црвено светло.

Дополнително, врз основа на Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 44 нерегистрирани возила.

Од МВР најавуваат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за да се обезбеди поголема безбедност на патиштата во државата.

Поврзани содржини