ВОЗАЧ ЗАГИНА ОТКАКО ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ Трагедија на делницата Кичево – Осломеј

Несреќа кај селото Гарани, 74-годишен маж почина откако со возилото „волво“ излетал од патот.

442

74-годишен жител на село Црвивци го загуби животот вчераутро, кога неговото возило излетало од патот на релацијата Кичево – село Осломеј.

Несреќата се случила околу 08:15 часот, во близина на селото Гарани. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Кичево, патничкото возило „Волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С. (74), излетало надвор од коловозот. Ударот бил фатален.






На самото место веднаш пристигнала екипа од Итната медицинска помош, но лекарот само можел да констатира смрт.

„Извршен бил увид од страна на полициска екипа од ОВР Кичево, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција за да се утврдат причините за несреќата. Надлежните служби работат на целосно расчистување на случајот“, информираат од полицијата.

Поврзани содржини