Tешка сообраќајна несреќа при директен судар на две возила – „волво“ и „цитроен“ се случи синоќа околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, во која тешко биле повредени двајцата возачи. Според Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хисптализиран во Клиничкиот центар во Скопје.